На Canva платформата, избери еден шаблонза распоред на часови и прилагоди го за распоредот на твојот клас со дизајн, елементи, бои и стилови на букви по сопствен избор. Задолжително да има за кој клас се однесува и од кој е направен. Од направениот дизајн, земи врска само за гледање и постави ја на твојот bio.site а сподели/ преземи слика во png или jpg формат со име: 01.Распоред-клас-Име, која ќе ја поставиш на споделениот фолдер од твојот G драјв.
На Canva платформата, избери еден шаблон за резиме (CV) и уреди го: со твое име и презиме, слика, биосајтот и училишната е-маил адреса. Се' друго преведи го на македонски, кирилица и по можност тоа што би сакал да бидеш. по завршување на училиштето или факултетот. Од дизајнот, направи слика со име: 02.CV-Име Презиме и постави ја на споделениот фолдер, а на твојот биосајт, постави врска со име My CV, само за гледање до дизајнот на Canva.
На споделениот фолдер од G драјвот направи документ (Google Docs) со име: MyLinks-ИмеПрезиме и на Распоред и Резиме-CV,постави ги линковите само за гледање од соодветните Canva дизајни.
На Canva платформата направи дизајн на А4-портрет формат со име: 03.Умно-Име, на тема: УМНО. Задолжително: да има наслов: #УМНО, текст, слика (графика, не фотографија) и од кој е изработено во формат: Име Презиме-2320nxx. Избери орнаменти за украсување на дизајнот и по форма и по местоположба по свој избор. Врска само за гледање од дизајнот постави на твојот био сајт а конечно, како pdf за печатење на твојот фолдер. Документот сподели го со мене, приватниот мејл, за уредување. (клкни тука за пример и тоа што Е веќе УМНО)
На Canva платформата направи дизајн-Презентација со име: 04.Презентација-предмет-Име, од некој наставен предмет и тема по твој избор. На првиот слајд да има наслов на темата-со поголеми букви, од кого е изработено-со мали букви и слика-карактеристична за темата. Покрај првиот, да има уште барем 5 слајда со кратки текстови и до најмногу 2-3 слики на слајд и барем еден слајд со YouTube видео поврзано со темата.Направи уште една презентација со име: 05.Презентација-слободна-Име, со интересни содржини: текст, слика, видео...со барем 5 слајда. Врските само за гледање, постави ги во документот MyLinks...на твојот фолдер како и на биосајтот.
Направи фолдер си име Алгоритми и програмиво веќе споделениот фолдер на твојот Google Drive и во него креирај текстуален документ со исто име.
На сајтот draw.io напиши алгоритам со псевдокод и блок дијаграм за пресметување плоштина и периметар на правоаголник. Селектирај ги двата алгоритми и од нив направи/експортирај слика во png (или jpg) формат која ќе ја поставиш во текстуалниот документ Алгоритми и програми.
На сајтот draw.io напиши алгоритам со псевдокод и блок дијаграм за пресметување плоштина и периметар на круг. Селектирај ги двата алгоритми и од нив направи/експортирај слика во png (или jpg) формат која ќе ја поставиш во текстуалниот документ Алгоритми и програми.
На сајтот draw.io напиши алгоритам со псевдокод и блок дијаграм за пресметување реални решенија на квадратна равенка. Селектирај ги двата алгоритми и од нив направи/експортирај слика во png (или jpg) формат која ќе ја поставиш во текстуалниот документ Алгоритми и програми.
Алгоритми и С++ програми
Направи акаунт со школскиот е-мејл на onlinegdb.com - онлајн интегрирана развојна околина (Integrated Development-IDE) за уредување, компајлирање, дебагирање и извршување на програми во различни програмски јазици.
Направи ги програмите за пресметување плоштина и периметар на правоаголник и круг и решенијата на квадратната равенка. Изворниот код постави го во документот Алгоритми и програми заедно со сликте од алгоритмите.
Регистрирај се на сајтот mendo.mk и реши ги задачите (20) од делот Тренинг.